Голем број видеа од Техеран кои циркулираат на социјалните мрежи, или се испраќаат директно до роднини во странство, покажуваат километарски колони и сообраќајни метежи на автопатите. Оние кои можат, се обидуваат да го напуштат градот. Пред бензинските пумпи има долги редици, а горивото е при крај. „Тешко е да се поверува, ние сме среде војна“, велат очевидци. „Не знаеш кога – и уште полошо – каде може да удри следната ракета“. Израелската ...

Иранските градови, вклучувајќи го и Техеран, немаат засолништа ниту системи за предупредување од воздушни напади, а горивото станува оскудна стока, бидејќи жителите на главниот град на земјата се обидуваат да се евакуираат по предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп. За разлика од израелските градови, иранската престолнина, со повеќе од 15 милиони жители, нема засолништа за воздушни напади, а многу од целите погодени во Техеран ...