Навивачите на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“ испратија повик до сите навивачки групи од земјава да не користи пиротехника до крајот на оваа сезона. Како што информираат „Чкембарите“, поради големата трагедија која што се случи во саботата вечер во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која згаснаа 59 млади животи, тие до крајот на сезоната нема да користат пиротехника како знак на почит на сите трагично загинати. „Во овие денови на тага и ...

Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуз во рамки на мундијалските квалификации. На трибините на стадионот „Рајн Парк“ се очекува над 1.000 навивачи да ја бодрат македонската репрезентација до кои преку социјалните мрежи се апелира да бидат облечени во црно и со себе од навивачки реквизити да понесат само знамиња и ...