Младиот охриѓанец, Марко Пејчиновски уште еднаш успеа да ја оствари својата нова мисија. Модифицираниот Ајронмен триатлон во должина од 107 километри го заврши за околу 20 часа или подетално: 7 часа и 47 минути – трчање (Св.Наум – Струга) 2 часа и 33 минути – возење велосипед (Струга – Св.Наум) 9 часа и 29 минути – пливање (Св.Наум – Охрид) Со овој подвиг, Марко Пејчиновски покажа неверојатна желба, истрајност, љубов и борба и стана симбол на ...

Охриѓанецот Марко Пејчиновски (19 години) го реализираше големиот подвиг кој го најави – го комплетираше модифицираниот триатлонот Ironman, долг 107 километри, предизвик во кој трчаше речиси осум часа, два и пол часа возеше велосипед и над девет и пол часа пливаше во Охридското Езеро. Сето ова го постигна и покрај ретката болест на левиот колк, пертес, од која боледува веќе девет години, а поради која му е отежнато одењето. Сепак, Марко не ...