Луис Енрике искажа неверување за начинот на кој Барселона беше елиминирана од полуфиналето во Лигата на шампиони, но неколку дена подоцна, доби шанса повторно да коментира натпревар кој треба да го игра каталонскиот гигант. Како човек кој е тесно поврзан со Барса, популарниот Лучо секогаш нагласува дека ќе има специјална врска со клубот од „Камп Ноу“, а откако неговиот ПСЖ го победи Монпелје со 1:4, шпанскиот стручњак излезе и со свој тип за „Ел ...
Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике на пресконференцијата за медиуми по триумфот на ПСЖ над Монпелје беше запрашан и престојното „Ел класико“ кое може да го одлучи шампионот во Ла Лига. Енрике нема дилема дека каталонците ќе се радуваат на победа, а откри и дека емотивно би му било многу тешко доколку Барселона успееше да ја мине полуфиналната фаза и се сретнеше со ПСЖ во финалето во ЛШ. „Како ќе заврши „Ел класико“? 3-0 за Барселона. ...