Европските берзи продолжија да бележат остри загуби на почетокот на трговскиот ден, откако глобалните пазари беа потресени од високи царини за увоз на стоки од САД. Американскиот претседател Доналд Трамп, во меѓувреме, продолжува цврсто да стои зад своите царини, јавуваат странските новински агенции. Индексот Eurostoxx 50 на најважните компании во еврозоната во моментов е за 5,67 отсто понизок отколку на крајот на тргувањето во петокот. ...
Цените на акциите остро пораснаа на европските берзи во четвртокот претпладнето, како и на азиските берзи, додека инвеститорите здивнаа откако Вашингтон го одложи спроведувањето на реципрочните царини за 90 дена. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции се зголеми за околу 7 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето, враќајќи ги сите вчерашни загуби. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 5,76 отсто, на 8.120 поени, додека ...