Али Лариџани стана централна мета на израелските удари врз Иран откако, според израелски и меѓународни извештаи, по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи ја презел клучната улога во иранскиот безбедносен и стратешки врв. Израелскиот печат, повикувајќи се на безбедносни извори, тврди дека токму Лариџани бил „цел број еден“ на операцијата, додека Reuters прво објави дека бил таргетиран и дека неговата судбина не е веднаш јасна, а AP подоцна ...

Иран го нападна Тел Авив со ракети со касетни боеви глави, како одмазда за атентатот на шефот за безбедност на Иран, Али Лариџани, од страна на Израел, објави утрово иранската државна телевизија. Во нападот во текот на ноќта загинаа две лица во населба во близина на густо населениот Тел Авив, каде што има и клучни воени објекти, со што бројот на жртви во Израел од војната се искачи на најмалку 14. Во соопштението на Корпусот на иранската ...

По неколку недели молк и шпекулации за неговата судбина, новиот врховен лидер на Иран – Моџтаба Хамнеи, се обрати на јавноста за првпат откако го наследи својот татко, кој беше убиен во американско-израелски напад кон крајот на февруари. Во остар и бескомпромисен говор, Хамнеи реагираше на атентатот врз шефот на Врховниот совет за национална безбедност, Али Лариџани, отфрли каква било можност за де ескалација на конфликтот и издаде серија ...