Малото дуќанче во маалото каде што живеам работи на истото место веќе петнаесетина години и фискална сметка дава доста редовно, за разлика од порано, кога фискалниот апарат му беше повеќе за украс, мора да признаам. Но картички не прифаќа, како и голем број други мали трговци во државава. И веќе стопати сум го прашал газдата: „Па добро, комшија, кога ќе почнеш да примаш картички, аман?“ А тој стопати ми одговорил исто: „Не ми се исплати, ...

Малите трговци во Македонија се воздржани од користење на ПОС-терминали и плаќања со картички, особено поради ниските маржи на производи како цигари и мастики. Иако банките им обезбедуваат ПОС-терминали бесплатно и провизиите постепено се намалуваат, сепак тие остануваат повисоки за малите трговци во споредба со големите синџири. Од една домашна банка објаснуваат дека провизиите за картични трансакции се движат кон изедначување со европските ...