На стартот на вториот дел, поточно во 48. минута од финалето на Купот на Македонија, Вардар поведе и со 2-0 против Струга ТЛ. Повторно стружани немаа решение за Михаил Талевски, кој од 11-12 метри погоди во голот на Ќосевски. Истиот играч во 26. минута погоди и за водство на „црвено-црните“. Ова е огромна предност за Вардар во финалето, кој полека оди кон освојување на трофејот во ова натпреварување. Сега за стружани следува тешка задача, ...
„Вардарци“, по 18 години чекање, дојдоа и до седмиот свој трофеј во историјата во Купот. Во 32-то финале од Купот на Македонија, Вардар дојде до седмата титула, од кои шести во независна Македонија дополнети и со оној од 1961 година во Купот на поранешна Југославија. „Црвено-црните“ сега ја зголемија бројката титули пред Работнички кој има четири титули во Купот на Македонија, а понатаму следат Слога Југомагнат, Силекс и Македонија ЃП со по три ...