Барселона не успеа да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите и завршниот турнир во Келн го заврши на четвртата позиција. Каталонците во полуфиналето беа поразени од Магдебург и тоа по една драма која беше решена пред звукот на сирената, додека вчера во дуелиот за третото место беа надиграни од Нант. Овој резултат секако е разочарување за Барса која смета дека е оштетена во полуфиналето со Магдебург, поточно е незадоволна од арбитражата на ...
Ракометниот клуб Барселона официјално упати жалба до ЕХФ за судењето на македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на натпреварот од полуфиналето на Ф4 во Келн на мечот против Магдебург, кој германскиот тим го доби минимално со 31-30, со гол во последната секунда. Магдебург потоа во финалето го совлада Фуксе Берлин, и стана нов европски првак. Натпреварот меѓу Барселона и Магдебург го одбележаа трите црвени картони за ракометарите на ...