Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија планираат да се сретнат со својот ирански колега во Женева во петок во врска со нуклеарната програма на Иран, соопшти германски дипломатски извор. Министрите прво ќе се сретнат со шефицата на европската дипломатија Каја Калас, во германското постојано претставништво во Женева, по што ќе одржат заеднички состанок со иранскиот министер за надворешни работи, соопштил изворот ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес потврди дека утре ќе се сретне со своите колеги од Велика Британија, Франција и Германија и со министерот за надворешни работи на ЕУ во Женева, објавија денес иранските државни медиуми. Тој рече дека состанокот е свикан на барање на три европски земји, Франција, Германија и Велика Британија. „Утре ќе се сретнеме со европската делегација во Женева“, рече министерот, според соопштението ...