Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади. По информациите од Министерството за образование дека во септември ќе се запишат помалку 4.900 ...

Алармантни податоци и годинава за намален број на првачиња во училишните клупи. Загрижувачки е податокот што досега се запишани дури 4.900 првоодделенчиња помалку, иако таа бројка не е дефинитивна поради тоа што се уште трае уписот во основните училишта и се очекува да имаме 3.000 помалку. Трендот на намалување на бројот на првачињата секоја година е се поизразен, па така во 2023-24-та биле запишани 19.848 првачиња, додека во следната ...