БОГОТА/АНКАРА (АА) - Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум соопшти дека го одбила предлогот на нејзиниот американски колега Доналд Трамп за испраќање американски трупи во Мексико за да помогнат во борбата против нарко-картелите, јавија американските медиуми, пренесува Анадолу. За време на јавен настан, Шајнбаум ја потврди веста објавена во „Волстрит журнал“ ден претходно, во која се открива дека Трамп побарал поголемо вклучување на ...
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум денес изјави дека го отфрлила предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање американски трупи во Мексико за борба против трговијата со дрога. Шајнбаум рече дека суверенитетот на Мексико не е на продажба, објави Ројтерс. – Територијата е света, суверенитетот е свет, суверенитетот не е на продажба, суверенитетот е сакан и бранет, рече Шајнбаум на митинг во близина на Мексико Сити. ...