Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности. Најголема излезност има во општините Вевчани 61,84 отсто, Дојран 60,91, Крушево 60,94 и Лозово 61,09 отсто. Најмала е излезноста во општината Врапчиште каде што гласале само 20,94 отсто од запишаните изборачи. Државната ...

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1.832.415 лица запишани во Избирачки список. Тие ...