Битола синоќа беше центарот на музичкото случување во регионот – легендарниот диџеј и продуцент Армин ван Бурен одржа спектакуларен настап пред повеќе од 10.000 посетители на стадионот „Петар Милошевски“. Настанот, кој е дел од Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, донесе продукција на светско ниво и атмосфера која, според многумина, ќе остане врежана како историска вечер за градот. Со ова, Битола за прв пат беше домаќин на А-класа музички артист ...

Музичка еуфорија приреди кралот на електронската и транс музика Армин ван Бурен на синоќешниот настап на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. По неговите минатонеделни гостувања на Ибица, тој допатува во Битола, каде што успеа да собере над 10.000 публика од Македонија и поширокиот регион. Тие имаа несекојдневна можност околу два часа да уживаат во неговите споеви на најпопуларните транс траки, а настанот со други гости траеше и подолго. ...