Додека во Европската Унија расте бројот на луѓе кои живеат под кирија, земјите од Балканот, меѓу кои и Македонија, и натаму се издвојуваат со висок удел на население што живее во сопствен дом, покажуваат податоците на Евростат. Во 2024 година, 68 проценти од населението во ЕУ што живее во домаќинства поседувало сопствен дом, што е благ пад во однос на 69 проценти во 2023 година. Истовремено, уделот на лица кои живеат во изнајмени станови се ...
Сопственоста на домот и натаму е доминантен модел на живеење во Европската Унија, но најновите податоци на Евростат покажуваат постепени промени во станбените навики, особено во поголемите и економски посилни земји. Иако повеќе од две третини од населението во ЕУ живее во сопствен дом, уделот на лица кои изнајмуваат станови бележи благ, но континуиран раст. Според податоците за 2024 година, 68 проценти од жителите во домаќинствата на ЕУ ...

