Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека претстојната сезона ќе понуди „најтешка борба за титулата“ што ја видел досега, бидејќи конкуренцијата во Премиер лигата достигнала невидено ниво. Шпанецот ја започнува својата петта целосна сезона во клубот од северен Лондон и се надева дека ќе ја заврши 22-годишната пауза без шампионска титула, откако Топчиите завршија втори во последните три сезони. Арсенал потроши околу 200 милиони фунти за ...

Челзи и Кристал Палас одиграа без голови во лондонската пресметка на еден од кандидатите за титула во Премиер лигата и тимот кој неодамна го освои трофејот во Комјунити шилд, англискиот Суперкуп. Деби во дресот на Сините имаше Вилијан Естевао. Овој 18-годишен Бразилец кој има прекар Месињо (малиот Меси) имаше и добри и лоши потези, а доби и жолт картон за еден груб прекршок. Најконтроверзен момент на мечот беше кога судиите го поништија голот ...