Во несреќа којашто се случи завчера вечер, недела, 13 јули, во Велес почина бизнисменот Зоран Љутков, основач и сопственик на неколку семејни фирми меѓу кои најпозната е „Пододекор“. Четириесет и две годишниот Љутков беше роден во Велес, каде живееше и работеше. Како бизнисмен беше препознатлив по донаторство и помагање на спортски клубови, бројни спортски и културни манифестации и граѓански здруженија во општината. Љутков беше сопруг и татко на ...
Младиот бизнисмен и хуманитарец Зоран Љутков трагично го загуби животот во несреќа што се случила викендов, информираат локалните портали. Љутков имаше 42 години и беше еден од најпознатите млади претприемачи во Велес. Основач и сопственик на неколку семејни бизниси, меѓу кои најпрепознатлива е компанијата „Пододекор“, тој беше активен поддржувач на локалната заедница. Покрај бизнис-активностите, Љутков е запаметен како голем донатор и пријател ...