На првиот Регионален ракометен турнир во Скопје Еурофарм Пелистер славеше над Вардар во вечното дерби, со што го освоија првото место. Битолчани победија со резултат од 25:23 во “Јане Сандански”, онаму каде што го добија и последниот меч против Вардар во рамките на македонскиот шампионат, победа која ги натера “црвено-црните” да направат промена на тренерската клупа. Во среда во Кавадарци овие два тима ќе одиграат повторно, овој пат на Супер ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Симона Огесгу со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) за 88 минути. Во првиот сет беше изедначено на стартот и 2:2 во гемови, а првиот брејк го направи Ѓорческа. Во деветтиот гем македонската тенисерка го освои гемот на свој сервис без загубен поен и со тоа најави освојување на првиот сет, кој го доби со 6:3 во ...