Шпанскиот шампион Барселона успеа да го регистрира навремено новиот голман Жоан Гарсија. Голманот, дојден од градскиот ривал Еспањол, ќе биде на располагање на тренерот Ханси Флик за денешното гостување кај Мајорка во првото коло од Ла Лига. Очекувањата се дека и Маркус Рашфорд ќе биде на линија за мечот на „Сан Моиш“, откако Ла Лига го потврди неговото одобрение за регистрација. Жоан Гарсија веќе е внесен во тимот на Барса на официјалниот сајт ...
Проблемот со регистрација на фудбалери се провлекува кај Барселона веќе неколку преодни рока, па така и овојпат до последен ден не се знаеше на кои играчи ќе може да смета Ханси Флик на премиерниот меч во Ла Лига. Барса како актуелен шампион ја почнува одбраната на титулата на гостувањето кај Мајорка, а ова утро стана познато дека Жоан Лапорта и неговите соработници успеала да пријават двајца од петте нерегистрирани фудбалери. Жоан Гарсија и ...