Италијанскиот калчолигаш Милан е решен да го задржи голманот Мајк Мењан. Според „Газета дело Спорт“, челниците на Росонерите веќе ја упатиле првата официјална понуда до голманот за да остане на „Сан Сиро“. Тие сметаат дека Мењан би бил еден од клучните играчи во тимот за проектот кој треба да доведе нови трофеи во клупските витрини. Најавите се дека на Мењан му бил понуден договор до летото 2029 година со опција за продолжување до 2030 година. ...
Милан мора да разгледува голмански опции на трансфер пазарот во ситуација кога иднината на Мајк Мењан е неизвесна, но од друга страна, клубот во последните неколку дена проработил во полна пареа да не го испушти играчот кој беше клучен за доста бодови од стартот на сезоната. Угледната „Газета“ информира дека директорите на Милан го реактивирале „случајот Мењан“ и му понудиле нова подобрена понуда на голманот, па сега одлуката ќе падне на ...

