Само уште една победа ги дели кошаркарките на Крива Паланка од освојувањето на првата шампионска титула во сениорска конкуренција, откако вечерва на свој терен во салата „Бранители 2001“ по вторпат излегоа како победнички во вториот натпревар од финалната серија на плеј-офот против екипата на Бадел 1862 (88-76). Робинсон испорача 26 поени (три скока и две асистенции). Ниехуес направи уште еден „дабл-дабл“ ефект, изразен со 19 поени и 18 скока ...

Кошаркарките на Крива Паланка триумфираа вечерва на домашен терен над Бадел 1862 со 88-76 и поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи во разигрувањето за титулата во Првата „Шпаркасе Лајф“ лига. Натпреварот број 2 од финалната плејоф серија во салата „Бранители 2001“ наликуваше на случувањата од првиот натпревар. Веќе во првиот период домашната екипа се стекна со двоцифрено водство (28:17), кое успеа да го зголеми до полувремето ...