Поранешниот градоначалник, Саша Богдановиќ реагира на едно од последните соопштенија на СДСМ упатени кон ВМРО-ДПМНЕ, во кое се спомнува и српскиот претседател Александар Вучиќ. Богдановиќ смета дека постои „србофобија кај одредени луѓе од СДСМ“. „Последниве прес конференции на СДСМ се како да ги пишува и спрема некој задоеник со усташка НДХ идеологија, наследник на врховистичка балистичка идеја таргетирајќи еден народ и една земја која секогаш ...

СДСМ му возврати со соопштение на нивниот поранешен член и екс-градоначалник Саша Богдановиќ кој порача дека владее дискримација и србофобија кај дел од луѓето во неговата поранешна партија. Реакцијата на СДСМ беше многу остра и во соопштението стои дека Богдановиќ ја предал партијата за пари, како и дека е „сателит на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ“. Исто така го обвинуваат дека е координатор на српската партија СНС во Македонија. „Поранешен член на СДСМ ...

По неколкуте соопштенија на СДСМ во врска со наводното промовирање на српскиот свет во Македонија и инсталации на претседателот Александар Вучиќ, поранешниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, се почувствува повикан да одговори на ваквите оценки. Богдановиќ беше избран за градоначалник како кандидат на СДСМ, но по еден мандат нивните патишта се разидоа. Во оваа размена на објави и соопштенија мешу него и СДСМ се споменуваат ...