По повеќе од три години по железничката несреќа кај Темпи во централна Грција во 2023 година, најсмртоносната во историјата на земјата, денеска започна судењето во Лариса, во напната атмосфера. Роднините на жртвите ја критикуваа истрагата, а меѓу обвинетите нема политичари, објави „Катимерини“. На вкупно 36 обвинети треба да им се суди во специјално подготвена сала во Конференцискиот центар на Универзитетот во Тесалија. Триесет и тројца од ...

Судењето за Темпи почна во понеделникот во Лариса, три години по најсмртоносната железничка катастрофа во современа Грција, во која на 28 февруари 2023 година загинаа 57 луѓе, многу од нив студенти. Наместо тивок почеток на долгоочекуваниот процес, првиот ден беше обележан со гнев на семејствата, протести и прекин на рочиштето, откако судечкиот совет го одложи продолжението за 1 април поради тесниот простор и технички проблеми во судницата. ...