Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и официјално е шампион на Македонија со победата кај Струга Трим Лум (1-0) во претпоследното коло. Клубот ја освои дванаесеттата титула во мак-фудбалот и е рекордер. Но, на клубот допрва му следат уште неколку „важни битки“. Тоа се обнова на договорите со носителите на играта кои ја извадија оваа сезона и ја направија успешна. За Стефан Цветковиќ, Србинот кој дојде како замена за Роџерс Мато, од ...

Успешна е годината на скопскиот бренд Вардар, бидејќи на тронот по ракометарите, се вратија и фудбалерите. Фудбалскиот клуб Вардар на коло пред крајот и математички ја осигура титулата во ПМФЛ со победата во дербито со Струга (0-1). По победата честитки доаѓаат од сите страни, па и од ракометниот клуб кој со фраза од една песна на „Комити“ им честита на фудбалерите. „РК Вардар со голема чест и задоволство ја честита шампионската титула во ...