Центарот на Хјустон Рокетс, Стивен Адамс, ќе остане дел од тимот и во наредните сезони, откако постигна договор за продолжување на соработката со клубот од Тексас. Искусниот кошаркар од Нов Зеланд потпиша нов тригодишен договор вреден 39 милиони долари. Адамс беше значајна фигура во тимот минатата сезона, во која Хјустон беше елиминиран во првото коло од плеј-офот, по драматична серија од седум натпревари против Голден Стејт. Во редовниот дел од ...
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја продолжи соработката со фудбалерот за врска Данел Јордан Донгмо. Тој потпиша нов едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една година. Со тоа Вардар полека го комплетира тимот за европските настапи, дуелите со Ла Фиорита од Сан Марино. Црвено-црните добија ривал по мерка за пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига, а евентуалниот следен противник ќе го дознаат денеска ...