Левица најостро го осудува безобразието и лицемерието на Владата која во најтешките моменти ги излажа семејствата на настраданите во пожарот во Кочани! Од страна на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица ТОМОВСКИ, и портпаролката на Владата, Марија МИТЕВА, беше најавено дека ќе биде доделена итна финансиска помош од 150.000 денари за секое семејство со жртва од трагедијата, но и по месец дена, семејствата немаат ...
Денеска во Скопје започна „Маршот за ангелите“. На транспарентите кои ги носеа присутните пишуваше: „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите?“ Маршот ќе започне пред Oбвинителството, па ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата. Семејствата на настраданите во ...
Семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани ќе организираат „Марш за ангелите” денеска со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред Обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред Собранието на Македонија. ,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на ...
Кога трагедијата ја парализираше Македонија, Владата вети помош, солидарност и одговорност. Денес, месец дена подоцна, гледаме дека ветувањата беа уште една цинична лага на властодршците, кои без срам ги оставија семејствата на жртвите без ниту денар, а нивните болки ги претворија во политичка математика. Паралелно со солзите на семејствата, Владата потпишувала договори вредни милиони за да си го мери сопствениот рејтинг! Во целост го ...