Проф. д-р Гоце Џуклески од Лескоец. Универзитетски професор во пензија, научен истражувач , публицист, композитор, инструменталист, хуманист. Со право рекле дека датумот на раѓање е потсетник на животот. Годините се само состојба на умот. Вие сте стари колку што мислите дека сте. Колку годините ми минуваат сигурен сум дека имам повеќе соништа отколку спомени, повеќе можности, отколку шанси и повеќе пријатели отколку познаници. Минатата година ...
Лионела Јаковлева, ТВ новинар од Охрид. Роденденот е ден кога го славиме животот, нашето постоење, растење, созревање, стареење. Колку повеќе родендени, толку повеќе сме благословени. Си ги сакам моите родендени, го сакам мај, најубавиот и најзелениот месец во годината. А, 13-ката за мене и за мајка ми бил најсреќен датум. Денешниот ден е мој, јас само ќе чекам со насмевка да видам како ќе ме изненади. Кога веќе ни е дадена можност да сме дел ...
Стефани Донеска од Охрид, студент на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески”-Скопје. Петок,обичен ден, но како што секој ден за мене е посебен, така и овој. Денот на мојот роденден ќе го поминам со моите најблиски и најсакани личности, пријатели со кои ги споделуваме моите најважни животни моменти, кои се моја секојдневна поддршка и инспирација за секој нареден ден да бидам подобра личност. Радувајте се на секој нов ден, бидете среќни, позитивни ...