29-годишниот македонски одбојкарски репрезентативец, Филип Маџунков и следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Струмица. Маџунков кој има богато интернационално искуство во последните две сезони се мачи со повредите на колената, поради што во два наврати мораше да оди и на хируршки интервенции. Откако летово ја мина и втората операција, нашиот среден блокер се врати на тренинг и веќе е дел од репрезентацијата за претстојните ...

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Валентин Кочоски повторно ќе го носи дресот на Струга Трим Љум. Поранешниот шампион и офанзивецот си подадоа рака за двегодишна соработка и тој веќе денеска може да дебитира за старо-новиот клуб во соочувањето со Македонија Ѓорче Петров. Кочоски последниот ангажман го имаше во редовите на Силекс, а во Првата македонска лига има одиграно скоро 200 натпревари со учинок од 14 гола и 19 ...