Институтот за јавно здравје попладнево излезе со општи препораки за заштита на населението во случаи кога постои опасност од загадување на воздухот. До сега ниту една инситуција во држата не излезе со конкретни информации што точно гореше во Трубарево и колку е тоа опасно по здравјето на луѓето, иако темниот облак од пожарот се рашири буквално низ целиот град. Единствено е познато дека горел електронски отпад и пластика. Еве што препорачува ИЈЗ: ...
Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево. Оттаму додаваат дека вчера испратиле обучен експертски тим од Институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје. „Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, ...