Добивај вести на Viber Ќе бидат ли позаштитени производителите на винско грозје со измените на Законот за вино кои ги предлагаат опозициските пратеници или ќе остане ова уште еден обид за подобрување на нивните права. Во Собранието доставен е предлог од страна на пратениците од редовите на Левица за измени на Законот за вино, а според предлагачите, со предложеното решение ќе се спречи можноста за намалување на откупната цена на винско грозје ...

Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ денеска го одби предлогот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на дневниот ред на собраниската седница да биде ставен Предлог-законот за изменување на Законот за виното. Со предложените измени, Левица бараше да се избрише законската можност трговците со винско грозје и винарниците да ја намалат однапред утврдената откупна цена до 8% доколку грозјето го исплатат целосно и во законскиот ...