Добивај вести на Viber Десетици медицински сестри и технички персонал со нерешени работни статуси денес повторно протестираа пред Клиничката болница во Тетово. Тие рекоа дека покрај тоа што немаат работни решенија, веќе три месеци се без плати. „Тетовската болница ја одржуваме во живот ние, но тие нè заборавија. Не бараме подароци, бараме задоцнети плати, ги бараме заслужените и ветени договори. Доста со лагите. Лекарите спасуваат луѓе, нашиот ...

Навреме е и позитивно е одговорено од Министерството за финансии за вработувањата во тетовската болница, рече денеска, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција. Таа посочи дека во Министерството за финансии секое барање се евидентира, архивира и за кој било предмет може да се побара информација и порача до здравствените институции да ја почитуваат процедурата при барање на согласности за вработување. ...

Медицинскиот персонал од Клиничка болница Тетово кои работат со договори на дело и денес протестираа собирајќи се пред Ургентниот центар. Велат дека секој ден ќе ја прекинуваат работата на кратко за јавно да го изразат својот револт од тоа што немаат нови договори и ветените решенија за вработување на неопределено време, како и две неисплатени плати. Ивона Неделковска пред медиумите посочи дека како медицински персонал, и покрај овие услови се ...

Медицинскиот персонал во тетовската болница и денеска продолжија со протести поради неисплата на плати. Ќе протестираат, велат, се додека не се реши нивниот статус. Главна сестра на клиничката болницата пак тврди дека не е исплатена само априлската плата и вели дека ова е наследен проблем. Уверува дека со назначување на новиот министер проблемите ќе се решат. Пред неколку дена медицинските сестри од тетовската болница излегоа на протест со ...