„Можеш да стоиш под мојот чадор“ – Бремената Ријана и Ејсап Роки се најзаљубениот пар на Кански фестивал 2025 Бремената Ријана го поддржа сопругот на неговата премиера, а тој не ги тргна рацете од нејзиното стомаче и нежно и вљубено ја бакнуваше, но ѝ држеше и чадор за време на дождот, па сите се потсетија на нејзините стихови „You can stand under my umbrella“. На почетокот на месецот, на Мет гала 2025, Ријана откри дека е повторно бремена и ...
Ријана и Ејсап Роки присуствуваа на премиерата на неговиот филм „Highest 2 Lowest“ на Канскиот филмски фестивал. Кога чекореа на гламурозниот црвен тепих, славните партнери мораа да се заштитат од дождот носејќи чадор, па овој момент резултираше со фотографии кои инстантно станаа хит и фановите на Ријана ги потсетија на нејзината песна „Umbrella“. Музичката ѕвезда, која моментално е бремена со третото дете, избра сина креација од брендот Alaïa. ...