Шефицата на пратеничката група на крајно десничарската партија Национален собир (НС) во францускиот парламент, Марин Ле Пен, потврди дека планира да се кандидира на претстојните претседателски избори, објавија денес француските медиуми. „Секако дека планирам да се кандидирам на претседателските избори. Реков дека нема да се кандидирам ако судскиот систем ме спречи во тоа“, изјави Ле Пен во интервју за RTL, додавајќи дека ќе се кандидира за ...

„Секако дека планирам да бидам кандидат на претседателските избори. Реков дека нема да бидам кандидат само ако правосудниот систем ме спречи во тоа“, изјави Ле Пен во интервју за РТЛ и додаде дека ќе биде кандидатка на својата партија дури и ако добие условна казна, пренесува порталот БФМ ТВ. Апелациониот суд во Париз треба на 7 јули да ја донесе пресудата во жалбената постапка во случајот со асистентите на пратениците во Европскиот парламент ...