И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот. Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи ...
Националната галерија на Македонија излезе со сопствената програма за 2025 година, која ќе ја реализира преку новиот пристап на директно делегиран буџет. Оваа програма е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам на Македонија која е поддржана со вкупен буџет од 4.650.000, 00 денари, од кои за Визуелни уметности, архитектура и дизајн, 1.320.000,00 за меѓународна дејност, 2.910.000,00 за музејска дејност, 400.000,00 за ...