Русија не бара мир, туку има намера да ја замрзне војната за да продолжи со агресијата во иднина, напиша шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак во авторски текст за весникот „Гардијан“. „Путин денеска се обложува на заморот на Западот. Тој сака да ја замрзне војната – а не да ја заврши. И затоа секое примирје без гаранции и правда само ќе отвори врата за нова агресија. Олеснувањето на санкциите, отстапките или преговорите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Москва и Киев сакаат да ја решат војната во Украина и дека рускиот претседател Владимир Путин е повеќе наклонет кон мир по неодамнешниот пад на цените на нафтата. „Мислам дека со моменталната цена на нафтата, која е намалена, ние сме во добра позиција да склучиме договор, Русија сака да склучи договор, Украина сака да склучи договор“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба во понеделник. ...