Познат е составот со кој Реал Мадрид ќе го започне вечерашниот дуел со саудискиот Ал-Хилал од Светското клупско првенство, а новиот тренер Чаби Алонсо веднаш покажа дека е поразличен од Карло Анчелоти и му даде шанса во првите 11 на Гонзало Гарсија. Килијан Мбапе се разболе вчера и не може да игра, Ендрик е повреден, па единствен напаѓач во тимот на Реал е Гонзало. Се очекуваше Реал да тргне со 4-4-2 (во најава беше дека стартер може да биде ...

Чаби Алонсо го имаше своето деби на клупата на Реал. Во првото коло од Светското клупско првенство, неговиот тим одигра слаб натпревар и ремизираше со Ал Хилал (1:1). Најлошиот играч на Реал беше дефанзивецот Раул Асенсио, а тренерот и соиграчите остро го критикуваа за наивно направениот пенал што го чинеше Реал победа. Асенсио, 22-годишен дефанзивец, беше заменет на полувремето, а шпанските медиуми објавуваат дека Алонсо веќе го отпишал и дека ...