Уште 11 Палестинци починаа од глад во Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи од глад во палестинската енклава од почетокот на војната достигна 300, изјави портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дужарик. Дужарик на брифингот за медиумите во понеделник изјави дека околу 5.000 луѓе се раселени од северниот Појас Газа во Деир ал-Балах во централниот дел и Кан Јунис на југот од енклавата од 20 август. Тој рече ...

Тел Авив, 27 август 2025 (МИА) – Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Ејал Замир, денеска се сретна со извршната директорка на Светската програма за храна на ОН (ВФП), Синди Мекејн, за да ги разгледаат тековните напори за хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти војската. На состанокот, на кој присуствуваше и генерал-мајор Гасан Алијан, кој раководи со израелското тело што координира со давателите ...