Викендов беа полни дежурните амбуланти во Детската болница „Козле“, на Детска клиника како и на Инфективната клиника. Пациенти со грип, бараа лекарска помош. Директорот на Инфективна вели, се е во рамките на очекуваното за овој период од годината. Малите деца и тие во предучилишна возраст биле најчестите пациенти во амбулантите на клиниката во Козле, викендов. Синцицијалниот вирус и грипот, причина за хоспитализација на седумдесетина деца. На ...

Во третата недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се 76 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, известуваат од Центарот за јавно здравје – Штип. Во однос на возрасната дистрибуција, 68 лица се на возраст од 15-64 години, 2 заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години и по 3 лица се кај деца на возраст од 5-14 години и во возрасната група од 0-4 години. Почнувајќи од 40 недела, заклучно ...

Во текот на месец декември, до Институтот за јавно здравје, пристигнати се вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 88.4 на 100.000 жители. Вкупниот број пријавени лица во месец декември е за 92.8 проценти зголемен во однос на претходниот месец, ноември. Во однос на месец декември 2023 година, се регистрира ...