После првото полувреме во финалето на Купот на Македонија фудбалерите на Вардар водат со 1:0 против Струга. Препорачано Стрелец на голот за предност на скопските „црвено-црни“ беше Михаил Талевски во 26 минута од средбата. Позитивата можеше да биде зголемена пред паузата, но Донгмо ја погоди стативата. Вардар ја брка шестата куп титула во својата историја, а за Струга ова е нејзино второ финале во ова натпреварување. Скопските „црвено-црни“ ...

Денеска во финалето на Купот на Македонија фудбалерите на Вардар со резултат 2:0 ја надиграа Струга на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје. Препорачано Струга во текот на првото полувреме неколку шанси да дојде до погодок најпрвин преку Радески, а по корнер од левата страна голманот добро реагираше голманот на Вардар Талески. После првото полувреме скопските „црвено-црни“ водеа со погодокот на Михаил Талевски во 26 минута од средбата. ...

Вардар на најдобар можен начин ја зачини фантастичната форма во вториот дел од полусезоната, бидејќи возбудливиот проект со Гоце Седлоски како тренер на крајот донесе трофеј кој се чекаше во витрините во Скопје цели 18 години. Големите и коренити промени во зимскиот преоден рок донесоа целосна преобразбра и далеку подобра слика на теренот, но добрите резултати во Првата лига беа наградени и со финале во Купот. Вардар бркаше прва титула во ...

Вардар – Струга ТЛ 2:0 е епилогот од 32.финале во Купот на Македонија. Супер Михаил Талевски со два гола, МАГИЧЕН Вардар, па така по цели 18 години нашиот најтрофеен клуб дојде до пехарот во Купот на Македонија и настап во Европа ова лето. Магичен крај на оваа пролетна сезона за нашиот најтрофеен клуб. Убаво финале за Вардар кој покажа како се игра еден ваков меч. Тактички одличен Вардар, тренерот Седлоски знаше што сака и во тоа успеа. Ова е ...