Силекс денеска го обелодени ангажманот на уште едно ново засилување, потпишувајќи договор со Едис Бутуровиќ. Станува збор за играч кој пристигнува од Босна и Херцеговина, поранешен младински репрезентативец на оваа земја, кој последните две сезони ги мина во дресот на Игман. Овој дефанзивец досега целата своја кариера ја градел во босанскохерцеговската лига, а преминот во Силекс ќе му биде прв ангажман надвор од матичната земја. Со овој потег ...
Новопромовираниот член на Првата македонска фудбалска лига, Арсими, активно работи на креирање конкурентен состав за своето деби во елитата. Вечерва клубот официјално го претстави новиот офанзивец – Сикиру Оканлавон Олатунбосун, напаѓач од Нигерија кој важи за значајно засилување. Олатунбосун ја започна кариерата во својот роден град настапувајќи за МФМ ФК, а потоа ги бранеше боите на неколку клубови во Турција, меѓу кои Анкараспор, Менеменспор ...