Главниот влез во нашата општина добива комплетно нов лик, целосно се реконструира улица 2 во населба Илинден, информираше денеска градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски преку социјалните мрежи. „Станува збор за исклучително важен проект со кој се менува ликот на една од главните сообраќајни артерии во општината која е од круцијално значење за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во населбата и општината, вели ...
Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши комплетно асфалтирање на дел од улица „2“ во населба Илинден. Со вградување на нов асфалтен слој на дел од улица „2“ во должина од 520 метри и широчина од 6,5 метри, се реализираше реконструкцијата на главниот влез на општината како и најфреквентен сообраќаен патен правец во населба Илинден. ...