Eкипата на Арсенал успешно ја заврши и претпоследната задача во Премиер лигата и со победата над Барнли на свој терен направи уште еден голем чекор кон освојувањето на титулата (1-0). „Топџиите“ од самиот почеток наметнаа висок ритам, со контрола на топката и постојан притисок кон голот на Барнли. Таквата иницијатива донесе резултат кон крајот на полувремето, кога Каи Хаверц по корнер на Сака ја круниса иницијативата во водство од 1-0. ...

Екипата на Арсенал издвојува победа во последниот домашен меч за оваа сезона во Премиер лигата, победа над Барнли од 1-0 со која направија можеби и клучен исчекор кон враќање на пехарот во своите витрини. Сега избраниците на Микел Артета имаат пет бода повеќе од Манчестер Сити што значи дека уште утре можат да бидат крунисани во шампиони под услов „граѓаните“ да не издвојуваат триумф на жешкото и незгодно гостување на „Виталити“ кај Борнмут. ...

Фудбалерите на Арсенал направија голем чекор кон освојување на титулата во Премиер лигата, бидејќи славеа во натпреварот од претпоследното коло на домашен терен против Барнли со 1:0 и со тоа дојдоа до пет бода повеќе и со натпревар повеќе од Манчестер Сити. Стрелец на единствениот гол беше Хаверц, кој во 37-та минута се најде на вистинското место и со удар со глава ја затресе противничката мрежа. Иако Барнли изгледаше како „лесен залак“ пред ...