Кошаркарите на Анадолу Ефес со 85-78 го совладаа тимот на Макаби и така имаа успешен старт на отворањето на новата сезона во Евролигата. Турскиот тим кој играше како домаќин во Подгорица, на крајот славеше триумф, и покрај тоа што имаше доста проблеми во текот на мечот, особено во првото полувреме, кога на паузата Макаби замина со предност. Сепак, во вториот дел Ефес направи пресврт и успеа да го добие натпреварот. Лојд и Смитс со по 16 поени ...
Актуелниот континентален шампион, Фенербахче, со победа ја отвори новата сезона во Евролигата, откако славеше со конечни 96-77 над екипата на Париз Баскет. Избраниците на Шарунас Јасикевичиус немаа големи проблеми со францускиот претставник, иако на паузата не делуваа многу убедливо - предноста изнесуваше само два поени (43-41). Сепак, во второто полувреме турскиот гигант одигра одлично во нападот и на крајот успеа да извојува убедлив триумф над ...