Оваа греjна сезона во главниот град е означена со чад и загаден воздух што доаѓа не само од индустриски извори и домаќинства, туку и од самите јавни објекти на градот. Според најновите податоци од граѓанската иницијатива Шанса за Центар, над 100 јавни објекти во Скопје продолжуваат да се греат со нееколошки горива – мазут и екстра лесно гориво за домаќинство, покажува нивната мапа на загадувачи. Овие податоци и загриженост доаѓаат во време ...

Овие податоци и загриженост доаѓаат во време кога Скопје веќе се соочува со едни од највисоките нивоа на аерозагадување во Европа, а зимските месеци дополнително ја влошуваат ситуацијата со здравјето на граѓаните и квалитетот на воздухот. Мапата изработена од Шанса за Центар покажува дека меѓу објектите што се греат со мазут и нафта се наоѓаат болници, училишта, градинки, судови, касарни и други јавни институции кои и покрај постоечките ...