Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски е нов член на швајцарскиот тим Лугано. Се враќа во позната средина, каде што настапуваше од 2015 до 2017 година, пред да се пресели во Лидс. Алиоски од Јанг Бојс, преку Шафхаузен потоа замина во Лугано, па во Лидс и во Ал Ахли во последните четири години, од кои една сезона мина и во турски Фенербахче. Договорот на Алиоски е на две години, односно до 2027 година. „Со задоволство го најавуваме враќањето ...

Македонскиот прволигаш Работнички денска се пресели во Охрид, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките за новата сезона, која што ќе ја започне со настапи на европска сцена. А за таму отпатува со уште едно засилување. Нов член на тимот од Дебар маало е Флоријан Кадриу, кој потпиша договор на 1+1 година. 29-годишниот офанзивец на својот грб има огромно искуство, како во мак-фудбалот така и во странство. Негов последен клуб е Шкупи, а ...