Наполи и Интер се на само еден бод разлика во борбата за титула на две кола до крајот во Серија А, откако „наполитанците“ киксираа во 36. коло ремизирајќи (2-2) пред своите навивачи со Џенова. На преполниот „Диего Марадона“, Наполи имаше предност се до 84. минута, но дозволи Васкез со погодок да донесе израмнување и бод за Џенова. Претходно, Наполи двапати водеше најпрво со голот на Лукаку во 15. минута, а потоа и на Распадори во 64. минута. ...

Само две кола пред крајот на италијанското фудбалско првенство, борбата за титулата е поинтересна од кога било. Наполи е на првото место со само еден бод повеќе од Интер, а ситуацијата е толку неизвесна што постои реална можност двата тима да ја завршат сезоната со ист број бодови. Ако тоа се случи, титулата нема да се решава според вообичаените критериуми како меѓусебните дуели, гол-разликата или бројот на постигнати голови. Наместо тоа, ќе ...