Казахстан е ривалот на Македонија во седмиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада. Мечот се игра во Скопје утре од 20:45 часот. Селекторот на националниот тим, Благоја Милевски на денешната прес-конференција ги искажа очекувањата од мечот со Казахстанците, кој Македонија го дочекува како првопласиран во групата Ј, и очекувањата се да се остане таму пред последниот меч против Велс на ...
Македонија на јуначки начин се одбрани во Гент и се врати со огромен бод од гостувањето во Белгија, резултат кој ќе биде уште поважен ако нашиот национален тим ја оправда фаворитската улога утре против Казахстан. Победа со било каква разлика носи гаранција дека Македонија ќе остане првопласирана на табелата и по октомврискиот квалификациски прозорец, а такво сценарио дополнително ќе ја приближи нашата селекција до остварување на сонот, односно ...