Претставата Д (како Дездемона) на македонската кореографка Рисима Рисимкин е поканета да гостува на 13 септември на фестивал за Шекспир во Верона, Италија. Оваа претстава е втор дел од трилогијата Жените во творештвото на Шекспир, тема со која Рисимкин се бави во последниве неколку години. Претставата е во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, дизајн на сцена и светло на Матеа Мијановиќ, костими на Благој Мицевски. ...

Македонската кореографка Рисима Рисимкин ќе гостува на престижниот Шекспир фестивал во Верона на 13 септември 2025 година, со својата најнова современа танцова претстава – втор дел од трилогијата „Жените во творештвото на Шекспир“. Претставата, која беше премиерно изведена во мај во Битола, на отворањето на 26-то издание на Фестивалот на монодрама, е дело на Рисимкин, со музика на Тони Китановски, сценски и светлосен дизајн на Матеа Мијановиќ, и ...