Ракометарите на Еурофарм Пелистер го пребродија болниот пораз од Алкалоид во домашниот шампионат и вечерва се издигнаа како „Феникс“ против Гдањск во Европската лига и со победата од 34-27 останаа во игра за пласман во следната фаза во второто по ранг натпреварување на ЕХФ. Македонскиот вицешампион го одигра можеби најдобриот натпревар сезонава и од првата до последната минута имаше контрола против непоразениот полски претставник, а тоа му ...

Една недела по големата победа над Гумерсбах, Еурофарм Пелистер ја запиша втората победа во низа во Европслата лига на ЕХФ, а со тоа остана во игра за пласман во следната фаза на натпреварувањето. Избраниците на Лино Червар брзо го заборавија непријатното искуство во Автокоманда и поразот од Алкалоид, па така денеска фрлија на колена уште еден силен ривал во европска конкуренција кој досега беше непоразен во групата. Битолчани одиграа ...