Жителите на повисоките делови од скопската населба Водно веќе трет ден се без вода, додека температурите во градот надминуваат 40°C. Во писмен апел до медиумите, тие бараат јавноста да биде информирана за, како што велат, условите во кои живеат – без можност за пиење, лична хигиена и одржување на домаќинствата. „Се обраќаме како жители на населбата Водно – симболично (иронично) наречена 'елитна населба', но очигледно само по цена на метар ...

Во срцето на Скопје, на ридовите каде што се издигнуваат елитните згради и куќи со базени, граѓаните веќе неколку дена немаат ни капка вода. Претседателската резиденција на Водно е целосно без вода, а и во познатата вила Водно има само слаб притисок. Истата судбина ја делат и жителите на населбите Водно и Црниче, кои се очајни поради долгите и чести прекини на водоснабдувањето, токму во денови со исклучително високи температури. Гневот расте – ...